Родителите на 10-годишното момче Фетхулах од јужна Турција сакаат да му го сменат името, бидејќи нивниот син има име како исламистичкиот проповедник Ѓулен, кој турските власти го обвинија дека стои зад обидот за воен удар.
Таткото на момчето Емир Сонмез изјави дека сака да го оддели целото семејство од проповедникот Фетхулах Ѓулен.
– Мислевме дека тој е човек на исламот, но сега се промени ситуацијата. Би сакал да го сменам името на синот, изјави Сонмез пред судот во Газиантеп.
Тој додаде дека Ѓулен е предавник.
Момчето изјави дека сака новото име да му биде Кајхан Али. Тоа додаде дека стравува оти би се шегувале со него поради сегашното име, како и дека не сака исто име со „лидерот на терористичка организација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.