Тринаесетгодишниот Ноа Крукс од американската држава Ајова, е осомничен за убиство и обид за силување на својата мајка Гречен. За време на судењето било било заклучено дека ги извршил злосторствата бидејќи мајката му одземала видеоигра. Поротата ја преслушала снимката на повикот на момчето до службата за Брза помош, на која го признава убиството.
-Не се шегувам, мртва е. Се плашам. Ја убив мајка ми со пиштол. Не знам зошто го направив тоа – се слуша како кажува момчето на снимката.
Крукс, кој сега има 14 години, е обвинет за убиство од прв степен и напад со намера за сексуално малтретирање на 24 март 2012 година. Тој на снимката кажал дека сѐ му е како сон и дека сака да се разбуди и да си ја гушне својата мајка. Тој открил и дека збеснал затоа што мајка му му ја одзела видео играта „Повик на должност“ (Call of Duty), бидејќи го запоставил училиштето.
Телото на Гречен Крукс, изрешетано со куршуми, било пронајдено во дневната соба на семејната куќа. Полицијата при пристигнувањето запленила пиштол и го уапсиле момчето. Заменикот на шерифот по апсењето изјавил дека момчето ниту плачело ниту покажувало какви било емоции за време на апсењето.
Адвокатот на Ноа Крукс тврди дека неговиот клиент не сакал да си ја убие мајка си, дека момчето имало „напад на бес“ и бил непресметлив.
Токму мајката за 11-от роденден на Ноа му купила пиштол, татко му кажал дека Ноа во една прилика кажал дека сака да ја убие мајка му, но дека не го сфатил сериозно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Дете прегазено на пешачки во Скопје(фото)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Угостител од Кеј нападнал 10-годишно дете