| четврток, 6 декември 2018 |

Рајковиќ: Играњето на два меѓународни фроната е голем чекор за развој на македонската кошарка

mzt pres

Од наредната сезона, македонскиот шампион МЗТ Скопје ќе игра на два меѓународни фронта. Покрај регионалното првенство (АБА лига), клубот од Аеродром ќе се натпреварува и во Еврокупот. За новиот предизвик, раководството на актуелниот првак веќе назначи нов шеф на стручниот штаб чија цел е што подобро претставување на клубот и државата на повисоко ниво.

– Би сакал да изразам задоволство од фактот што од денес и официјално ја преземам функцијата шеф на стручен штаб на МЗТ Скопје. Ќе ми биде чест да го предводам овој клуб во АБА лигата и во Еврокупот каде не очекуваат сериозни предизвици. Форматот е таков – учествуваат 24 екипи од кои 16 се поранешни Евролигаши. Досега во Македонија немало толку вкалитетно антпреварување. Се надевам дека ќе бидеме доволно конкурентни и ќе оствариме позитивни резултати. Домаѓшнитеи титули ни се цели за оваа сезона. Да го искористиме учеството во Еврокупот за што подобар пласман во АБА лигата – горниот дел на табелата за достојно претставување на македонската кошарка. Ова е огромен чекор за развој на македонската кошарка. Конечно ќе имаме допир со врвни клубови. Се надевам ќе составиме квалитетен и конкурентен ростер. Пред нас претстои тешка рбота. Можам смао да ветам максимално посветено работње за да се исполнат целите на клубот – истакна Рајковиќ додавајќи дека ростерот за наредната сезона ќе биде креиран од „нула“ додека најголема желба останува капитенот Дамјан Стојановски.

Александар Јончевски кој од декември минатата сезона го презема кормилотот на МЗТ Скопје ќе остане да биде дел од клубот, како прв асистент на Рајковиќ.

– Останувам во клубот како дел од стурчниот штаб и се надевам дека и моето присуство ќе помогне да направиме што подобар пласман во АБА лигата и достојно претставување во Еврокупот. Ова е прва сезона каде јас и Рајковиќ ќе сме заедно во дел од стручен штаб. Бев присутен во изминатите четири години во МЗТ додека учествуваше во АБА лигата и секогаш на крајот на сезоната правевме ретроспектива дека можеме многу подобро. Оваа сезона верувам во подобри резултати. Поранешниот Еврокуп има и поинаков формат, дел од евролигашките екипи ќе бидат фаворити во новата сезона, но мислам дека поранешните југословенски екипи ќе придонесат за подобри резултати – дополни Јончевски.

Интересно е тоа што стручиот штаб на „металците“ е составен од поранешни играчи и тренери на вечниот ривал Работнички. Прво гостување во „Градски парк“ нема воопшто да претставува проблем за дуото, тврди Рајковиќ.

– Веќе сум бил во таква ситуација да играм против клубот од кој сум проникнал како играч. Професијата ни е таква каква што е и тоа е многу нормално за нас. Секојдневно се справуваме со такви ситуации, но пред сè јас сум голем професионалец и нема да имам никаков проблем – заврши новиот тренер на „штрковите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top