| четврток, 6 декември 2018 |

За два недели ослабнете пет килограми со лубеница

Благодарение на режимот за исхрана, кој се темели на дињи и на лубеници, ќе ја доведете линијата до совршенство, вели Кејти Смит, позната американска нутриционистка и авторка на оваа нова диета.

ПРВ ДЕН Појадок: шолја бело кафе, парче црн леб и половина виршла. Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Ручек: супа од зеленчук, 150гр пилешко на скара, зелена салата со лажица маслиново масло. Ужина: 100гр ладна диња или лубеница. Вечер: 80гр туна, парче црн леб, свежа пиперка.

ВТОР ДЕН Појадок: шолја кафе, парче црн леб, 30гр пилешки паризер (вид салама) Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Ручек: чинија бистра пилешка супа, 150гр ослич, 100гр компир салата, салата од домати зачинета со лажица маслиново масло. Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Вечера: супа од зеленчук, парче црн леб.

ТРЕТ ДЕН Појадок: шолја кафе, парче црн леб намачкан со пилешка паштета. Ужина: 100гр ладна диња или лубеница. Ручек: чинија говедска супа, 200гр шпагети, зелена салата. Ужина: 100гр диња или лубеница Вечера: 150 гр ориз со зеленчук.

ЧЕТВРТИ ДЕН Појадок: шолја зелен чај, парче црн леб, лажичка путер, лажичка мед. Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Ручек: чинија чорба од спанаќ, 200гр јунешко динстано со зеленчук, салата по избор Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Вечера: салата од 100гр пилешко, 50гр варен компири 50гр карфиол зачинето со лажица маслиново масло.

ПЕТТИ ДЕН Појадок: чаша незасладена лимонада, парче црн леб, виршла, малку сенф Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Ручек: 150гр печено пилешко, 100гр варена боранија, кришка црн леб Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Вечера: грчка салата.

ШЕСТИ ДЕН Појадок: шолја кафе, парче црн леб, 50гр шунка Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Ручек: чинија говедска супа, 200гр јунешко динстано со зеленчук, салата по избор. Ужина: ладна диња или лубеница Вечера: 100гр проја и јогурт.

СЕДМИ ДЕН Појадок: шолја јогурт со ниско ниво на масленост, парче црн леб, 50гр младо сирење, парче диња или лубеница Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Ручек: 200гр слатка зелка со јунешко, парче црн леб Ужина: 100гр ладна диња или лубеница Вечера: нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top