Минатата година пред Велигден црквата Свети Димитрија ги стана на нозе и научниците и свештениците. Фреските се чистеа, златната боја светна во храмот. Црквата веднаш повика на чудо. Од црквата велат божја рака, науката уште нема одговор, пренесува Канал 5.
-Извештај треба да даде науката, но еве се уште нема. Од конзерваторскиот центар рекоа дека рака не ги чистела иконите. Ние веруваме дека господовиот прст ги исчисти, вели отец Жикица од црквата Свети Димитрија.
Од конзерваторскиот центар во ноември минатата година излегоа со заклучок „извршените хемиски анализи потврдија дека на фреските не се идентификувани материјали кои би укажале дека непосредно било делувано, односно нема остатоци од органски растворувачи и за тоа подготви посебен извештај.
Иако се сомневаше на влага до денеска нема нов извештај од науката . Свештениците остануваат на ставот „Чудо е сигурно”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Шестмесечно бебе оживеа среде неговиот погреб


