Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски ја заврши соработката со ЧСМ Букурешт. Иако имаше опција за продолжување на договорот за уште една сезона, сепак тоа не е реализирано.
Романскиот тим кој од клупата го предводи Звонко Шундовски, вчера почна со подготовките за новата сезона. Ново име во ЧСМ Букурешт е десното крило на македонската репрезентација, Гоце Георгиевски, а Мојсовски дефинитивно нема да биде во составот за следната сезона.
– Наумче Мојсовски не е со нас, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во друг клуб – потврди Шундовски.
Според неофицијалните информации, Наумче Мојсовски има понуда да се врати во Катар. Тој лани неколку месеци настапуваше во тимот на Лехвија, а потоа по неколкумесечна пауза во ноември минатата година се приклучи во составот на ЧСМ Букурешт, во обид да се врати во форма пред настапот со македонската репрезентација на ЕП во Полска. Во баражот против Чешка во јуни годинава, Наумче Мојсовски официјално ја заврши репрезентативнмата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.