Македонскиот шампион ЖРК Вардар игра маестрално во првото полувреме од полуфиналето на фајналфорот во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта против актуелниот европски шампион ЧСМ Букурешт.
„Црвено-црниот“ состав има огромни осум голови предност по првите 30 минути (21-13). Тренерскиот стручен штаб на вардарки одлично го подготви овој натпревар бидејќи игра со сите расположливи сили и од самиот почеток наметна пеколно темпо. Наголемата разлика Вардар ја постигна во 24 минута кога имаше и 11 голови разлика.
Во одбраната царуваат двете голманки, Лејно и Суслина. Лејно буквално ја спушти ролетната, а Суслина ги фати сите три седмерци за Букурешт.
Во нападот Вардар решета од сите позиции. Најдобра во овој дел од мечот беше Андреа Пенезиќ која во првите 10 минути постигна дури пет гола, а во продолжението беше замената од Сања Дамњановиќ е одлична замена.
ВО самиот финиш од првото полувреме Татјана Хмирова заработи директен црвен картон поради контакт со нозете над противничкото крило при зицер позиција за гол на само две секунди до крајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.