| четврток, 6 декември 2018 |

Диви и Мојсо повторно во училишните клупи, започнуваат тренерски кариери

mojso i divi

Поранешните македонски репрезентативци, Наумче Мојсовски и Петар Ангелов – Диви се подготвуваат за тренерска кариера. Тие веќе се приклучија во задолжителната едукација на тренери за стекнување на тренерска лиценца што ја организира Здружението на ракометните тренери на Македонија, според РИНК конвенцијата.

Мојсо и Диви од прв ред ги слушаа тренерските предавања на семинарот во Дојран од програмата Модул 1.

Наумче Мојсовски (36) лани во јуни се прости од националниот дрес, а оваа сезона немаше ни клупски настапи. Петар Ангелов (40) се уште е активен играч на голот на Вардар со кој сезонава го очекува настапот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

mojso i divi 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top