Сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека живеат „скромно и понизно“ во склад со муслиманските вредности. Но, реалноста е многу поинаква.
Богатството на Ердоган се проценува на околу 200 милиони евра, а има најмалку три палати за кои се знае во Турција. На листата на „Форбс“ Ердоган (62) се наоѓа меѓу најплатени државници со годишни примања околу 61 милион евра годишно. Богатството го стекнал со вложување во акции, недвижности, а сопственик е на неколку ресторани и фудбалски клуб во Анкара. Има и своја вотка.
Неговата сопруга е вистинска зависничка од шопин, а посебна страст и се дизајнерската облека и скапите антиквитети.
Додека четвртина од жителите на Турција живеат во сиромаштија, а два милиони Турци со само четри евра двнено, сопругата на турскиот претседател пие посебен бел чај кој чини над две илјади евра за еден килограм од златни чаши од кои само една е 35о евра.
Еднаш заради неа бил затворен трговски центар во Брисе за да може да купува, а на службена посета во Варшава каде што го придружувала сопругот потрошила на антикиветите повеќе од 50 илјади евра.
Палатата во која живеат е позната уште и како „Бела палата“, има 200 квадратни метри, а само изградбата чинела над 700 илјади евра. Тапетите во палатата се свилени.
Критичарите на Ердоган велат дека такво здание би можел да направи само уште Садам Хусеин. Некои пак додаваат дека е слично на кинеска железничка станица. Палатата има подземна скривница која може да издржи напад со биолошко, хемиско и нуклеарно оружје, пишува „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се разведуваат Коки и Росана
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела