Ракометната Федерација на Македноија денеска ја исплати премијата на репрезентативците за остварениот успех – пласман на СП 2017 во Франција. Станува збор за сума од 30.000 евра што ќе биде поделена меѓу сите оние кои имаат заслуга за одржувањето на континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
Само за потсетување, Македонија стигна до билет за СП откако во баражот беше подобра од Чешка, славејќи со седум гола разлика на реваншот во Скопје по поразот од шест погодоци на првиот натпревар во Злин.
Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015).
На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.