Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими по пет години поминати во Марибор, летово се пресели казахстанскиот тим Астана. Македонскиот репрезентативец е стандарден во новиот клуб иако е евидентно дека паузата во Марибор остави трага врз неговата форма, но Ибраими очекува во најскоро време да влезе во топ-ритам и да стане еден од клучните фудбалери на Астана. Пред казахстанскиот шампион денеска е реваншот од квалификациите за ЛШ против Жалгирис, а по ремито од 0-0 во Литванија сега на Ибраими и соиграчите е со победа на домашен терен да се пласираат во следната рунда.
– Не кријам, сакам повторно да играм во Лигата на шампионите бидејќи тоа е најголемото европско натпреварување. Свесни сме дека сме фаворити против Жалгирис, но тоа е само на хартија и ќе мораме да го потврдиме и на терен. На првиот натпревар ги увидовме квалитетите на противникот, а нашиот тренерски тим сигурно ќе најде и слабости во нивната игра што ќе треба да ги искористиме на реваншот. Секако, значаен фактор ќе биде и публиката, која сигурно ќе ни даде огромна поддршка. Кога играв со Марибор на овој стадион токму атмосферата од трибините им даде крилја на домаќините, очекувам истото да биде случај и на овој реванш дуел – изјави Ибраими за казахстанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.