| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го одбрани домот, со 1-0 патува за Данска (видео)

Шампионот на Македонија славеше во првиот натпревар од третото квалификациско коло против Копенхаген, со 1-0 со голот на Џонатан Балотели во 65. минута. Домаќинот имаше уште една капитална шанса во 84. минута, но Којашевиќ не успеа да го пробие гостинскиот бедем од срцето на шеснаесетикот. Гостите имаа двојна шанса во судиското продолжение, но Гачевски и одбраната на нашиот првак не дозволија изедначување.

Победата на Вардар ветува мирен реванш, но без опуштање затоа што данските фудбалери покажаа дека можат да се надигруваат. Домашниот терен ја одигра својата улога, Данците беа анемични во нападот и не успеаа да создатат нешто конкретно, освен споменатата шанса во 92. минута. Со идентично залагање како во Скопје, Вардар има добра прилика да се пласира во плеј-офот за групите во Лигата на шампионите, односно најмалку во групната фаза во Лига Европа ако помине против Копенхаген.

Најголемиот плус на овој натпревар, го добива скопската публика која што се појави во бројка што одамна не е видена на нашите стадиони. 12.000 симпатизери на Вардар и на македонскиот фудбал, не се штедеа во сите 90 минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top