| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и ќерка: Солзи, љубов, прегратка, Лора и Маленко се сретнаа (ФОТО)

Поминаа шест месеци откако Лора Турунџиева, ќерката на водителката Сузана Турунџиева и прво дете на пливачот Александар Маленко, со долго јавно и искрено писмо му го „честита“ роденденот на својот татко.

„Јас, освен на спомени врзани за мојата мајка и баба, немам со што да се сеќавам на тебе… Ти, иако си постоел неколку години во мојот живот, исто како и никогаш да не си постоел… Не си оставил ниеден убав спомен во моето срце… Немам ниедна ситуација, на која можам да се сетам дека јас некогаш, во моето најрано детство живеев со татко… дека сум родена во брак.“

Можеби утре Лора ќе се разбуди со други чувства, други сеќавања. Можеби нешто ќе се промени, зашто денес на профилот на несовесниот татко од честитката, пливачот Александар Маленко, беше објавена оваа фотографија.

Оли насолзени, прегрнати, Лора и Маленко се сретнаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top