| четврток, 6 декември 2018 |

Маленко: Сакам уште деца, здравје Боже, шестто и седмо!

„Пливач на векот и Казанова на милениумот” – вака Жаре го најави интервјуто со Александар Маленко. Епизодата со еден од најконтроверзните спортисти ќе се емитува на „Телма“, оваа сабота во 19:15 часот. Ова е негово прво појавување на тв-екраните по долга пауза. Секогаш интересен, непредвидлив и искрен – Маленко и овој пат имаше што да ни каже.

 Ќе зборува за неговите многубројни успеси и рекорди, за трите олимпијади, петте бракови и петте деца, за средбата со Владимир Путин, ќе чита твитови за себе, ќе биде неверојатно искрен и ќе раскаже за најстрашната епизода од неговиот живот – инфарктот кој го преживеал.

 Затоа, оваа сабота гледајте „Еден на еден“ на „Телма“ во 19:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top