| четврток, 6 декември 2018 |

Маленко викендов ќе плива на Зимското државно првенство во две дисциплини!

Александар Маленко, поранешниот најдобар македонски пливач се пријави да учествува на Зимското државно првенство кое треба да се одржи во Куманово. Маленко е пријавен да плива во две дисциплини – 50 метри слободно и 50 метри пеперутка.

Маленко во овој период бие битка за докажување на сопствената легитимност како претседател на Пливачката федерација на Македонија. Во Македонија во моментов функционираат две пливачки федерации. Претседател на втората ПФМ е Дарко Нашков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top