| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа фотографија доби илјадници лајкови

Лука Модриќ и Стојко Вранковиќ се посетители на еден задарски ресторан, а тој симпатичен момент остана засекогаш забележан.

Фудбалерот Лука Модриќ и поранешниот кошаркар Стојко Вранковиќ се најдоа во вистинско време на вистинско место за да ја направат оваа фотографија кој со молневита брзија собра илјадници лајкови на „Фејсбук“.

-Овде често доаѓаат многу познати лица, а ова беше токму една мошне симпатичка ситуација кога тие двајца одлучија да позираат заедно во нашиот ресторан. Лука е наш постојан гостин и секогаш е подготвен за фотографирање или разговор со гостите, коментира една вработена во ресторанот.

Имено, и двајцата спортисти посетиле еден задарски ресторан, а тој момент останал забележан засекогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top