Четвртиот фестивалски ден во Прилеп започна со традиционалната утринска чорба за камперите во Могилата на непобедените, која им ја послужи градоначалникот Марјан Ристески. Тој вели дека е презадоволен што вечерта помина одлично, градот беше преполн, забавата одлична, но пред се – народот задоволен. Ристески заедно со водителскиот пар Марјана и Жаре ги сумираа резултатите и впечатоците. Секако, по кафето имаа време и за куса фотосесија во опуштена утринска атмосфера.
Според податоците на Општината, повеќе од стоилјадна публика се собра синоќа во Прилеп на третата вечер од „Пивофест2016“. Вечерва прва на сцената ќе ја видиме српската дива Александра Радовиќ, за веднаш потоа атмосферата да се вжешти со маестралниот Дејан Петровиќ и оркестарот „Биг Бенд“. Публиката со нетрпение ги очекува „Парни ваљак“ со кои и ќе биде затворен овој 14. по ред „Пивофест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.