Владата на Бразил имаше итна седница денеска со цел дополнително да се донесе одлука за сигурносните мерки во пресрет на Летните олимписки игри во Рио што започнуваат на 5.август.
Ваквата одлука на владата во Бразилија е донесена по терористичкиот напад во Ница во четвртокот кога загинаа 84 лица, а повеќе од 200 се повредени.
Во соопштението стои дека посетителите во Рио можеби ќе се чувствуваат помалку пријатно, но секако нивната безбедност ќе биде највисоко ниво. Бразил во текот на игрите се очекува да го посетат повеќе од 500.000 туристи.
– Нападот во Ница не загрижи. Ќе ги преиспитаме сите постапки и меѓудругото ќе направиме повеќе бариери и секако ќе има повеќе контроли на сомнителните лица – изјави бразилскиот министер за одбрана, Раул Јунгман.
Британските медиуми известуваат дека властите од Бразил од поодамна имаат спроведено забрана за управување на товарни возила и камиони додека трае олимпијадата со цел да се намалат гужвите и да се овозможи поголем проток на улиците со цел брзата помош стигне навремено на некоја итна интервенција.
Леонардо Пицијани, министерот за спорт потенцира дека Бразил направи се што е потребно за безбедно одржување на игрите. Притоа за таа цел се одвоени дополнителни 28.7 милиони евра од буџетот и во функција се ставени насовремени одбранбени и сигурносни техники.
Градоначалникот на Рио де Женеиро, Едуаро Паес изјави дека делегациите и спортистите на државите кои беа погодени од терористички напади во изминатиот период, дополнително ќе бидат обезбедувани.
Воската ќе започне да започне да патролира околку спортските борилишта на 24.јули, додека низ улиците на Рио ќе се движат повеќе од 80.000 полицајци и војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.