Холандскиот стратег Луис Ван Гал е еден од најсериозните кандидати за нов селектор на Белгија.
Марк Вилмотс вчера ја раскина соработката со Белгијците, по неуспешниот настап на Европското првенство во Франција. Неколку имиња се спомнуваат како негов наследник, но во комбинација е и досегашниот тренер на Манчестер јунајтед, Луис Ван Гал.
Холанѓанецот е без работа откако доби отказ на клупата на „црвените ѓаволи“. Според тврдењата на највлијателните европски спортски медиуми, токму Ван Гал се очекува да го наследи Вилмотс на клупата на Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.