Марк Вилмотс веќе не ја извршува селекторската функција во белгискиот национален тим. Белгија не успеа да ја оправда фаворитската улога против Велс во четвртфиналето од Европското првенство и загуби со 3-1. Набрзо по поразот и елиминацијата од континенталното првенство, голем дел од играчите го обвинија селекторот Марк Вилмотс за финалниот исход. Кормиларот најави дека ќе размисли за поднесување оставка, а неговата одлука ја забрза фудбалската федерација на Белгија и му врачи отказ.
– Би сакале да му се заблагодариме на Марк Вилмотс за сработеното во изминатите четири години. Со него, белгиската репрезентација го достигна 54. место на ранг листата на ФИФА. Свесни сме дека на тимот му е потребен нов импулс кој ќе ја предводи во нови успеси на големите турнири. Белгиската фудбалска федерација веднаш ќе ја започне потрагата по нов селектор – стои во официјалното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.