Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров кој настапува за Атлетико Мадрид успеа да го освои трофејот во Купот на Шпанија. Вечерва во финалето, Атлетико го победи Логроњо со 38-28. Лазаров уште еднаш одигра одличен дуел со двоцифрен број асистенции, а постигна и четири голови.

За Атлетико трофејот во „Кралскиот куп“ е на некој начин сатисфакција за изгубената титула во првенството и елиминацијата во четвртфинаето од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


