| четврток, 6 декември 2018 |

Железника несреќа во Белгија, двајца загинати

Две лица загинаа, а 14 се повредни кога товарен воз што превезувал хемикалии, излетал од шините и предизвика голем пожар во близина на северниот белгиски град Гент.

несреќа

Гувернерот на провинцијата Источна Фландрија, Јан Бриер изјави дека поради пожарот властите евакуирале речиси 300 жители на куќите околу местото на несреќата.

Несреќата се случила денеска меѓу населените места Шелебел и Ветеран.

Причините за излетувањето на возот, кој превезувал хемикалии од пристаниште во Холандија до Гент, засега не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top