Како што најавија, „Флај проџект“ направија одлична забава во Прилеп синоќа на отворањето на 14. по ред „Пивофест“. Романците оставија ни момент на случајот и добро подготвениот настап го постигна она што го очекуваа – одличен прием на публиката, на која не и беше важно што забава продолжи и до три часот по полноќ.
Покрај нивните хитови, кои публиката ги пееше заедно со Тудор и Дан, очите на сите повторно беа вперени во згодните танчерки, Дијана и Ана Марија. А, имаше и зошто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.