Во авионската несреќа што се случи вчера во Словенија загинаа четири лица, меѓу кои и германскиот бизнисмен, сопственик на интернет-гигантот „Унистер“.
Познатиот милионер Томас Вагнер (38) загина кога приватен авион на летот Венеција – Лајпциг падна на западот на Словенија.
Компанијата на милионерот има седиште во Лајпциг, а успешно соработува со неколку познати веб-портали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.