| четврток, 6 декември 2018 |

Пивофест 2016: Се пееше секој стих – Повторно Саша им го зеде здивот на Македонките (ГАЛЕРИЈА)

 

Неколку илјадна публика се собра вчера во центарот на Прилеп на отворањето на „Пивофест 2016“. На гостите не им пречеше ни тоа што утре е работен ден, бидејќи во изненадувачки голем број за четврток дојдоа на главната фестивалска бина.

DSC09181

Откако згревањето почна со домашните блузери „Кросроуд бенд“, атмосферата почна да се вжештува со настапот на тетовскиот реге-бенд  „Конкеринг лајон“, кои како свој специјален гостин го донесоа Јамајканецот Рафаел.

tropiko bend5

Сепак, кулминацијата на вечерта ја постигнаа гостите од Србија, групата „Тропико бенд“, на чело со Aлександар Цветковиќ – Саша. Повеќе од два часа публиката пеееше во еден глас, секој стих и секоја песна. Девојките, пак, се испотепаа да стигнат што е можно поблиску до бината и до харизматичниот Саша.

DSC09182

„Тропико бенд“, пак, понесени од атмосферата, не сакаа да се симнат од бината и направија двочасовен спектакл до 1:30 часот по полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top