Во сараевската населба Добриња, на тротоар, со месеци стои паркиран жолт голф со избушени гуми и македонски регистарски таблички, за кој станарите од околните згради велат дека не знаат чив е, пишува босански Аваз.
– Со месеци таму стои, а никој не реагира. Иако во непосредна близина има голем паркинг, некој го оставил на сред тротоар. Не се знае дали е украден или нешто друго е во прашање. Замислете во некој друг град на пример Задар или Сплит да оставел некој кола на сред пешачка патека да стои со месеци со избушени гуми и босански таблички. Во рекорден рок ќе беше отстранет, а сопственикот ќе требаше да плати астрономска казна. Очигледно кај нас може се, изјавил еден жител на оваа населба за Аваз.ба.
На истата улица пред некое време се отворила и голема дупка, а очигледно граѓаните незадоволни од ангажираноста на локалните власти, решиле сами да се погрижат за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.