| четврток, 6 декември 2018 |

Голем скандал на повидок, Французите допингувани против Германија

doping

Се работи за фотографија која е направена по натпреварот на Германија и Франција, на која се гледа дека француските фудбалери користеле „Гуронсан“. Тоа е супстанца, која не е на листата на забранети средства, но се користи како стимуланс за повеќе енергија и опоравување на телото.

Германскиот весник „Билд“ излезе со вест во која го прикажуваат мислењето на експерти, од кои побарале мислење за целата ситуација.

„Секое средство, кое се користи за да се добие предност над противникот се смета за допинг“, стои во правилникот на светската допинг агенција.

Исто така, неколку германски експерти се согласија и заради големото количество на кофеин, го оценија „Гуронсанот“ за допинг. Сепак, ова е само шпекулација и многумина не веруваат дека УЕФА ќе преземе некакви мерки за истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top