| четврток, 6 декември 2018 |

Челси ја плати клаузулата, Конте доби играч кој го посакуваше

n'golo kante

Новиот менаџер на Челси, Италијанецот Антонио Конте треба да биде уште позадоволен по неговото доаѓа во Лондон, откако управата на клубот реши да му ја исполни желбата за ново засилување во тимот за следната сезона.

„Моторот“ на актуелниот англиски шампион и француската репрезентација Нголо Канте од следната сезона ќе настапува во синиот дрес на Челси откако одби да потпише нов договор со Лестер.

Челси покрај тоа што се сложи да ја плати комплетната сума за откуп на договорот, односно клаузулата од 25 милиони евра, туку и ја претплати оваа сума со 10 милиони повеќе во знак на добра волја.

Канте претходно беше поврзуван и со ПСЖ, но тие преговори пропаднаа откако Лорен Блан доби отказ, а новиот тренер Емери веднаш си го доведе Криховијак од Севилја како освежување за средниот ред.

„Светците“ веќе ставиле до знаење дека немаат намера да учествуваат во оваа трка, а Реал Мадрид исто така не испраќа понуда, и покрај најавите дека Зидан би сакал да го види својот сонародник на „Сантијаго Бернабеу“. Во Челси беа убедени дека со 24 милиони фунти ќе успеа да го доведат Канте во своите редови, но ситуацијата се промени откако клубови од Кина подготвија понуди од по 40 милиони евра за овој фудбалер.

Лестер очекувано ќе настојува да заработи што повеќе на овој фудбалер, па токму поради тоа Антонио Конте беше принуден да испрати нова понуда во висина од 29 милиони фунти. Се очекува оваа сума да биде доволна за Клаудио Раниери да даде зелено светло за заминувањето на Канте, кој беше еден од најзаслужните за ланската сензационална титула на „лисиците“ во Премиер-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top