| четврток, 6 декември 2018 |

Маж со повреди на глава пронајден мртов на железничка пруга

Вчера во 18.45 часот на местото викано Сеферов бунар во непосредна близина на железничката пруга Кичево Скопје, пронајден бил починат С.М.(1950) од Кичево.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Кичево, при што се констатирани повреди на главата, а до телото забележани биле траги слични на крв.

Од обавените разговори со семејството на С.М, утврдено било дека околу 12.00 часот излегол од дома и со себе понесол рачна количка, рачна пила и секира и се упатил кон с.Трапчин Дол за да собира дрва.

Во критичниот период на ЖС-Кичево пристигнал воз со товарни вагони кој заминал за Скопје.

По наредба на јавниот обвинител, денеска над телото на починатиот ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top