| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Илинден: Синот десет дена седел до мртвиот татко

Во 14 часот и 45 минути во текот на вчерашниот ден, 44-годишната Л.Ц. од Скопје пријавила дека откако дошла во населба Илинден, каде живеел нејзиниот татко, 65-годишниот Ч.Ц., ја сретнала соседката која и кажала дека не го видела татко и околу 10 дена и се сомневала дека можеби истиот се наоѓал во куќата, а неговиот син, В.Ц. кој е лице со нарушено ментално здравје, излегувал и влегувал во куќата преку прозор.

Од страна на полициски службеници преку отворениот прозор бил забележан Ч.Ц. легнат во дневната соба без знаци на живот.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top