| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж пронајден во Тетово – Го нашле зад локална продавница

Утрово околу 7:10 часот од страна на вработени во тетовската Брза помош во полицијата во Тетово било пријавено дека во комплексот Ловец во градот, зад продавницата на Жито полог, е пронајдено тело на непознато машко лице без знаци на живот.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, полициска екипа веднаш излегла на посоченото место и при увидот во кој учествувал и јавен обвинител, било утврдено дека станува збор за 58-годишен жител на Ново Село, општина Боговиње.

На телото немало знаци на насилство. По наредба на јавниот обвинител тоа било предадено на семјството за погребување, а случајот ќе се води како природна смрт.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top