| четврток, 6 декември 2018 |

Два затвореника од Гвантанамо трансферирани во Србија

гватнатмо

Министерството на одбрана на САД денеска потврди дека двајца притвореници од Гвантанама се трансферирани во Србија, пишува ЊуЈорк Тајмс.

Ден претходно еден притвореник е трансфериран во Италија, што значи дека во злогласниот затвор на Куба останале уште 76 притовреници. Меѓутоа и тој број ќе се намали, бидејќи 27 се на листата за пуштање. Американците пишуваат дека овој потег е уште еден доказ дека во Американскиот Конгрес попуштаат на настојувањето на Обама пред истек на мандатот да се затвори злогласниот затвор.

А кои се луѓето кои Америка ги испрати во Србија. Ниеден од нив нема врска со Србија и ова е првпат оваа соседна земја да прима притвореници од Гвантанама. За разлика од Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои тоа го одбија.

Еден од нив е Јеменецот Абдул Рахман Ахмед кој во 2001 е фатен во Авганистан.

Вториот притвореник кој доаѓа во Србија е Омар Хамзајевич Абдулајев (37) од Таџикистан.

Се поставува прашањето зошто ги префрлаат во Србија. Одговорот го даде државниот секретар Џон Кери.

-САД ја ценат великодушната помош на Србија во нашите напори да го завориме Гватнатанмо. Ова е многу значаен хуман гест на српските челници на глобално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top