| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот во заминување жали за една работа!

obama

Американскиот претседател Барал Обама синоќа изрази жалење затоа што во текот на неговиот осумгодишен претседателски мандат не успел да го затвори затворскиот оддел во базата на Гвантанамо. Во своето прво обраќање до нацијата по изборот на Доналд Трамп за негов наследник, Обама го обвини Конгресот, каде што мнозинство имаат републиканците, дека го оневозможил да ја затвори „таа проклета работа“, мислејќи на затворот во американсата база во Гвантанамо на Куба.

Обама уште на изборите во 2008 година ветуваше дека уште во „првите несеци од неговиот мандат“ ќе го укине затворот во Гвантанамо, каде што се држат џихадисти од целиот свет осомничени за тероризам.

Сепак, за двата свои мандати, Обама успеа само да го сведе бројот на затвореници во Гвантанамо на 60. Затворањето на притворскиот оддел во Гвантанамо го блокираше Конгресот, чиишто членови сметаа дека во него сѐ уште има лица кои би можеле да претставуваат закана за безбедноста на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top