| четврток, 6 декември 2018 |

Планот за затворање на затворот Гвантанамо e во завршна фаза

Белата куќа со изработката на планот за затворање на затворот Гвантанамо e во завршна фаза. Планот за спорниот затвор кој се наоѓа во истоимениот залив на Куба ќе им биде доставен на пратениците на разгледување, изјави портпаролот Џош Ернест.

gvantanamo

Американскиот претседател Барак Обама затворањето на контроверзониот затвор го постави како свој приоритет кога стапна на должноста во 2009 година, но во реализацијата на планот се појавија многубројни пречки, вклучувајќи ја и одлуката на Конгресот за блокада на префрлањето затвореници во Гвантанамо во затворите во САД, пренесуваат француските медиуми.

-Администрацијата со изработка на планот за затворање на затворот Гвантанамо е во завршна фаза и ќе му го поднесе на Конгресот, рече вчера Ернест, додавајќи дека затворот на Куба не е пример за ефикасна употреба на владините ресурси.

Како што Ернест истакна, американски безбедносни претставници на планот работат веќе извесно време, пред се заради тоа што тоа е приоритет на претседателот.

-Тоа е комплицирана работа, но ние постигнавме значаен напредок, наведе портпаролот на Белата куќа.

Против големата поморска база на САД во Гвантанамо на југоисток од Куба е и кубанската Влада, со која Вашингтон неодамна ги обнови дипломатските односи, пренесува МИА.

Куба наведува дека САД незаконски ја зазеле нејзината територија, па затоа кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез во понеделникот во текот на посетата на Вашингтон ги повика САД оваа територија да и ја вратат на Куба и да го укинат ембаргото кон оваа комунистичка земја.

Воениот затвор беше отворен во јануари 2002 година набрзо по терористичките напади изведени на 11 септември 2001 година во САД.
Во Гвантанамо моментално се наоѓаат 116 затвореници, а најмногу беа во 2003 година – 680.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top