Изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но за да се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на нив, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување, порачал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средбата со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд.
На средбата се разговараше за актуелните политички предизвици, модалитетите за надминување на политичката криза како и стратешкиот интерес на Македонија за членство во НАТО. Соговорниците се согласија дека суштински е важно излез од политичката криза, за што е потребен ангажманот и придонесот на сите политички фактори во постигнување решенија што ќе внесат доверба во процесите, соопштија од партијата на власт.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочил дека изборите се единствен излез од наметната политичка криза од страна на опозицијата, дека ВМРО-ДПМНЕ ги посакува и е подготвена за нив, но и го посочи фактот дека за да тие се случат потребно е обврзување од страна на опозицијата дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување.
-Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО, како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ, која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од партијата.
Како што се вели во партиското соопштение било истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, членство во НАТО алијансата како и спроведување на интензивната реформска агенда поврзана со ЕУ која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите во повеќе сфери, како и законските решенија кои се предложени од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Груевски се заблагодари за досегашната поддршка на САД, со што беше договорено интензивната комуникација да продолжи и во идниот период за сите прашања и области од заеднички интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.