| четврток, 6 декември 2018 |

Сакхо се извлече од обвинувањата за допинг

УЕФА го отфрла случајот против францускиот интернационалец и неговиот позитивен допинг тест. Иако беше позитивен на тестот по дуелот од Лигата на Европа меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул одигран на 17 март, Мамаду Сакхо ќе може да се врати на фудбалските терени.

Французинот веднаш доби суспензија од еден месец додека случајот против него не добие разврска, по што се шпекулираше со казна од најмалку една година неиграње. Сепак, Сакхо и неговиот адвокатски тим во меѓувреме успеаја да докажат дека супстанцата што ја земал всушност не е забранета за користење. Дефанзивецот на Ливерпул во текот на вчерашниот ден даваше изјава пред комисијата на УЕФА, која денеска обелодени дека дефинитивно ги отфрла обвинувањата за допинг против него.

Зеленото светло за камбек на Сакхо воедно ќе значи и дека Ливерпул нема да ангажира нов дефанзивец во овој преоден рок, откако Клоп веќе го доведе на „Енфилд“ Камерунецот Матип како слободен играч од Шалке.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top