Крилото на македонската репрезентација освои огромно ракометно признание. Дејан Манасков е избран за најдобар ракометар во Европа за месец јуни.
Како најзаслужен што Македонија ја надмина негативата од шест гола од првиот натпревар со Чешка, па со победата од 34-27 во Скопје се пласираше на мундијалот во Франција, Манасков беше фантастичен во репрезентативните настапи, во време кога клупските обврски мируваа
– Морам да признам дека ова е голема работа за мене бидејќи станува збор за признание што го доделува ЕХФ. Се надевам дека и во иднина ќе следат нови вакви награди, не само за мене туку и за останатите македонски ракометари. Знаевме дека нема да ни биде лесно на тој реванш, но ако се земе во предвид нашата игра на првата средба беше очигледно дека бевме многу слаби. Тие шест гола негатива ни беа повик за будење, на домашен терен ја презедовме иницијативата и славевме пред нашите верни навивачи – изјави Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филип Димишковски ја доби наградата „Golden Oryx “ за најдобар млад џез-музичар
-
Фестивалот на европски филм „Синедејс“ рамо до рамо со Фестивалите во Берлин, Кан, Сан Себастијан, Торонто и Венеција
-
Релаксација во Виeна: Манасков со поубавата половина ги полнеше батериите пред Европското во Хрватска (фото)
-
Нов автомобил за Манасков за добредојде во Веспрем