Maкедонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков има добар финиш на годинава, а месецов потпиша и нов договор со неговиот тим, унгарски Веспрем. Таму има солидна минутажа, ужива симпатии од навивачите на Веспрем и ја има довербата на тренерот Врањеш.
Пред утрешниот старт на подготовките со репрезентацијата, Манасков заедно со поубавата половина уживаше неколку денови во австриската престолнина Виена и ги полнеше батериите за предизвиците на претстојното Европско првенство во Хрватсска кое започнува на 12 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.