Со вчерашните лекарски прегледи, европскиот ракометен гигант Веспрем ги започна подготовките за новата сезона. Во новата сезона првакот на Унгарија и вицешампионот на СЕХА лигата ќе го води Љубомир Врањеш. Вчера во клубот се појави и вториот Македонец во најтрофејниот унгарски клуб, Дејан Манасков. По лекарските прегледи нашиот репрезентативец, како и останатите новајлии Тонесен и Акамбре, добија клупски автомобили за добредојде во Веспрем.
Манасков стана првак на Германија со Рајн Некар Левен, но на инсистирање на Врањеш дојде на местото на Иванчик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.