| четврток, 6 декември 2018 |

И Ма­ке­дон­ки­те го сле­дат ЕП 2016: Ме­рак ни пра­ват Ита­ли­јан­ци и Шпан­ци

Со пи­во и со до­бро друш­тво, ре­тко ко­ја Ма­ке­дон­ка ги про­пу­шта нат­пре­ва­ри­те од нај­воз­буд­ли­ви­от фуд­бал­ски на­стан го­ди­на­ва

Мо­же­би сте­ре­о­ти­пи­те ве­лат по­и­на­ку, но и же­ни­те се воз­бу­ду­ва­ат око­лу нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот. Европ­ско­то пр­венс­тво го сле­дат си­те, без раз­ли­ка на во­зра­ста и на про­фе­си­ја­та.

jessica-palasoska

  • Го сле­дам Европ­ско­то пр­венс­тво ко­га сум сло­бод­на, но не про­пу­штам ко­га игра Ита­ли­ја. На­ју­ба­во ми е во друш­тво, осо­бе­но со мо­ја­та дру­гар­ка ко­ја на­ви­ва за Шпа­ни­ја, па та­ка сле­де­ње­то на нат­пре­ва­рот ни е по­ин­те­рес­но. Иа­ко сум спор­тист, гле­дај­ќи фуд­бал не­ко­гаш знам да се на­пи­јам пи­во. На­ви­вам за Ита­ли­ја за­тоа што Деј­вид Бе­кам не игра за Анг­ли­ја. Најз­го­ден фуд­ба­лер ми е Џи­џи Бу­фон, гол­ма­нот на ита­ли­јан­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја – Џе­си­ка Па­ла­шо­ска, фолк-пе­јач­ка.

Leonardo-Bonucci

„Имам по­стар брат, па не­из­беж­но е жи­во­тот да ми по­ми­ну­ва без фуд­бал. Мо­же­би не ги сле­дам си­те нат­пре­ва­ри, но не про­пу­штам ко­га игра Ита­ли­ја. Ита­ли­ја отсе­ко­гаш би­ле мо­ја оми­ле­на ре­пре­зен­та­ци­ја и баш сум среќ­на што до­бро ѝ оди. Мо­рам да приз­на­ам де­ка Ле­о­нар­до Бо­ну­чи ми е нај­при­јат­но­то из­не­на­ду­ва­ње на ова пр­венс­тво, ка­ко и на мо­и­те дру­гар­ки во чи­е­што друш­тво нај­до­бро ми е гле­да­ње­то на нат­пре­ва­ри­те“, Вер­че Стој­ко­ва, ди­зај­нер

elena-milenkovska

  • Са­кам да гле­дам фуд­бал со друш­тво, но нај­у­ба­во­то друш­тво за гле­да­ње фуд­бал ми се брат ми и та­тко ми и, се­ка­ко, со пив­це. На­ви­вам за ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ита­ли­ја, а за ме­не најз­го­ден фуд­ба­лер е Ан­то­нио Кан­дре­ва – Еле­на Ми­лен­ков­ска, пе­јач­ка.

„Европ­ско­то пр­венс­тво го сле­дам од са­ми­от по­че­ток. Нај­че­сто гле­да­ме до­ма со со­пру­гот, а не­кол­ку па­ти нат­пре­ва­ри­те ги сле­дев­ме во ка­фу­ле со при­ја­те­ли. На­ви­вам за ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ита­ли­ја, а оми­лен играч ми е Бо­ну­чи. До­се­га им оди од­лич­но, ја по­бе­ди­ја и Шпа­ни­ја, па се на­де­вам де­ка ќе стиг­нат ба­рем до фи­на­ле“ – Рад­ми­ла Здра­ве­ска, прав­ник.

emilija-rozman

  • Иа­ко не сум во мож­ност да ги сле­дам си­те нат­пре­ва­ри, во тер­ми­ни­те ко­га мо­жам – не про­пу­штам. На­ви­вам за Хр­ват­ска, се­ко­гаш во друш­тво на мо­и­те ро­ди­те­ли и мо­жам да ка­жам де­ка сме мош­не глас­ни. Се­ка­ко, фуд­бал без пи­во не оди, а и пи­во без ска­ра! Најз­го­ден фуд­ба­лер не­мам, ве­ро­јат­но за­тоа што по­ве­ќе се фо­ку­си­рам на игра­та и на тоа да има лад­но пи­во откол­ку на не­кој од фуд­ба­ле­ри­те – Еми­ли­ја Роз­ман, ма­не­кен­ка и мис на Ма­ке­до­ни­ја.

pike

„Фуд­ба­лот и за ме­не е еден од нај­а­тра­ктив­ни­те и нај­воз­буд­ли­ви спор­то­ви. Најм­но­гу ја сле­дам шпан­ска­та ли­га, стра­стен на­ви­вач сум на ФК Бар­се­ло­на и со ужи­ва­ње ги гле­дам си­те неј­зи­ни на­ста­пи. Адре­на­ли­нот по­себ­но рас­те на по­пу­лар­ни­от Ел Кла­си­ко со Ре­ал Ма­дрид. Во зем­ја ка­ко Шпа­ни­ја фуд­ба­лот има ста­тус на ре­ли­ги­ја. Мо­тив за актив­но сле­де­ње не е са­мо нат­пре­ва­рот, ту­ку и це­ла­та ор­га­ни­за­ци­ја и ат­мо­сфе­ра што го при­дру­жу­ва­ат. За тоа де­ка има и мно­гу згод­ни фуд­ба­ле­ри не тре­ба ни да се збо­ру­ва, a мо­јот фа­во­рит е Же­рар Пи­ке! Во мо­мен­тов го сле­дам Европ­ско­то пр­венс­тво и на­ви­вам за Гер­ма­ни­ја би­деј­ќи мо­јот фа­во­рит Шпа­ни­ја, за жал, ис­пад­на“ – Ива­на Ни­ко­лов­ска, еко­но­мист.

milena-antovska

  • За шпан­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја на­ви­вам уште од ма­ла, та­ка што и ова пр­венс­тво мо­и­те сим­па­тии се за Шпа­ни­ја. Ја са­кам нив­на­та игра, а оми­лен фуд­ба­лер ми е Фран­сеск Фа­бре­гас. Вед­наш по не­го и Икер Ка­сил­јас (се смее). Мно­гу ми е кри­во што не бев во мож­ност да ги гле­дам си­те нат­пре­ва­ри до­се­га, ама со не­тр­пе­ние го че­кав ду­е­лот на Шпа­ни­ја со Ита­ли­ја. Нат­пре­ва­ри­те мо­же да ги гле­дам со пи­во, но не тол­ку мно­гу со гриц­ки (се смее). Фуд­бал се­ко­гаш гле­дам со до­бро друш­тво. Мо­рам да приз­на­ам де­ка со та­тко ми ми е нај­ин­те­рес­но ко­га ги сле­дам нат­пре­ва­ри­те, та­ка што че­сто знам и да си оста­нам до­ма со мо­и­те – Ми­ле­на Ан­тов­ска, во­ди­тел­ка.

„Фа­во­ри­ти ми се Гер­ман­ци­те би­деј­ќи Ир­ци­те се­ка­ко ќе из­ле­зеа (се смее). Ина­ку, има­ат нај­до­бра и нај­ве­се­ла пуб­ли­ка. Ита­ли­јан­ци­те ми се ли­га­ви и се­ко­гаш се пров­ле­ку­ва­ат. За­тоа се­га ми се фа­во­рит Ис­ланд, кои се мно­гу при­јат­но из­не­на­ду­ва­ње и игра­ат мно­гу до­бро. Најз­го­ден фуд­ба­лер е Бо­бан Ба­бун­ски, а на ЕП 2016 најз­год­ни­от е во пуб­ли­ка – Зи­не­дин Зи­дан. А, Бјир­кир Бјар­на­сорн од Ис­ланд – со не­го мо­же да си раз­ме­ни­ме дре­со­ви (се смее)“ – Хри­сти­на Бо­шев­ска, спорт­ски тре­нер.

simona-poposka

  • Са­кам да гле­дам фуд­бал, стра­стен на­ви­вач сум на Бар­се­ло­на и, се­ка­ко, оми­лен фуд­ба­лер ми е Ли­о­нел Ме­си. Но, да би­дам искре­на, ова Европ­ско пр­венс­тво це­лос­но го про­пу­штив. Во тек ми е ис­пит­на­та се­си­ја, па не са­мо што не­мам вре­ме ту­ку и не знам што се слу­чу­ва – Си­мо­на По­по­ска, пе­јач­ка.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 200. број на неделникот „Република“, 01.07.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top