| четврток, 6 декември 2018 |

За прием кај Вучиќ ред од четири часот наутро

Неколку десетици граѓани стојат во ред за прием кај премиерот на Србија Александар Вучиќ и се дојдени пред четири часот наутро. Обезбедувањето пред Владата на Србија вели дека редот се формирал утринава во четири часот. Дел од нив велат дека се дојдени од внатрешноста на Србија. Поголемиот дел од нив се дојдени поради лични проблеми – нерешени судски спорови, неисплатени плати, пензии.

1611173374577f4838aa98d727574100_v4_big

Миодраг Араповиќ, пензиониран домар на Стоматолошкиот факултет дошол поради, како што тој смета, корумпираноста на судот и на судиите.

– Бев домар на Стоматолошкиот факултет од 1972 година и тогаш добив соба и кујна во која живеев со сопругата. Сето време бев во нејасен работен статус и кога во 2005 година отидов в пензија, побарав и добив да го проширам тој простор. Меѓутоа, во еден момент почнаа да тврдат дека тоа се службени простории и сега сум по судовите. Верувам во премиерот дека може да се реши тоа. Само уште тоа ми остана. Корумпиран е судот и судницата – вели тој.

697196489577f46cfef298360414033_v4_big

Вучиќ пред два дена изјави дека повеќе од 5.000 граѓани се пријавија и дека денес место од 5,30 до 8,30 ќе разговара с0 нив од 5,30 до 18 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top