Четворица полицајци се убиени, а уште седум се ранети од снајперски оган за време на протестите во Далас во знак на ревлот против убиството на двајца Афроамериканци од страна на полицијата.
Меѓу снајперистите кои пукале на полицијата има една жена која веќе е притворена. Другиот снајперист, се уште е на слобода и разменува оган со полицијата. Во престрелката при обидот за негово апсење бил убиен еден полицаец.
Во преговорите за негово предавање на полицијата, снајперистот порачал: Крајот е близу!
Не се знае колку точно напаѓачи учествувале во нападите на полицијата, но за сега се споменуваат четвоцира. Едниот сам се предал, другиот бил приведен по размена на оган со полицијата.
Инцидентот во Далас се случува за време на протестот против полициската бруталност кон црномурестата заедница, откако во период од два дена полицајци убиле двајца Афроамериканци во американските сојузни држави Минесота и Луизијана.
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека полициските убиства покажуваат дека Америка нужно мора да се соочи со појавата на расни предрасуди во полициските редови.
Тука не станува збор за изолирани инциденти. Тие укажуваат на пошироки проблеми внатре во нашето правосудство, оцени Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.