Американскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден денеска пристигнаа во Далас, каде ќе присуствуваат на поменот на петмината убиени полицајци во пукотницата во овој град од минатата недела.
На поменот ќе присуствуваат и сопругите на американскиот претседател и потпретседател Мишел Обама и Џил Бајден, како и неколку членови на Конгресот и поранешниот претседател на САД Џорџ Буш со сопругата.
На комеморацијата ќе зборуваат Обама, Буш и сенаторот од Тексас, Џон Корнин.
Обама претходно телефонски ги повика членовите на семејствата на двајцата афроамериканци кои минатата недела беа убиени од полицијата во одвоени инциденти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.