| четврток, 6 декември 2018 |

Монструми: Го мачеа коњот па го оставија да умира среде улица

Iznemogla životinja umire na ulici, foto Fejsbuk_1000x0

Голем број на граѓани преку социјалните мрежи остро реагираа и ги осудија, за сега непознатите сопственици на измачениот коњ, оставен среде улица во Ниш да умира

Откако една девојка ги постави на Фејсбук фотографиите на измачениот коњ оставен да испушта душа, сограѓаните со згрозување реагираа.

– Околу 16 часот коњот падна на асфалтот под тежината на запрежната кола. Сопствениците го удираа и клоцаа да стане. Тој се обидуваше но не успеа. тиа заминуваат, а коњот го оставија на улица. Несреќното животно рита со копитата во воздух, во агонија и болка. Во смртните болки  упорно и силно удира со главата во асфалтот. Околу 20 часот почина- напиша нишлијката на Фб.

NIŠ- Inemogli konj umire na ulici, foto Fejsbuk_1000x0Комуналната полиција вели дека е тешко да се пронајдат сопствениците, за да ги казнат.

– Коњот нема алка на која треба да стои името на сопственикот, па тешко ќе ги најдеме, но собираме информации. Ако се утврди дека животното е малтретирано, ќе има работа и за полицијата. – вели српската комунална полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top