Коњ кој заталкал на Кеј Македонија во Охрид утрово кршел стакла со кои се застаклени неколку ресторани од хотели на Кеј Македонија во Охрид.
Според очевидци коњот бил видно вознемирен, најверојатно животното не препознавало дека удира во стакла и со расечени и крвави нозе трчало по кејот. На крај коњот бил фатен од вработени во Комуналец и го врзале во тревник на кејот блиску до плоштадот. Коњот моментално стои во тревникот и паси трева, а крвта и повредите на него се видливи.
Не е првпат во центарот на Охрид животни слободно да шетаат. Низ градот претходно се шеташе крава.
извор: охрид1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.