| четврток, 6 декември 2018 |

Со мазга и коњ по линијата на Македонскиот фронт од Првата светска војна

Со мазга и коњ денеска од Француските гробишта во Битола тргна повеќечлената француско-македонска експедиција долж линијата на некогашниот Македонски фронт (1915-1918). Во експедицијата учествуваат францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт придружувани од планинарскиот водич Петар Нолев од Битола. Тие за 12 дена, патувајќи претежно низ високи планински предели со надморска височина над 2000 метри ќе поминат 240 километри пеш од Битола до Солун.

Патниците ќе спијат на терен во вреќи и шатори, а за да ја доловат автентичната атмосфера ќе јадат храна како пред сто години, подготвена традиционално. Со себе понеле и бакарно котле за да подготват храна.

Додека патуваат ќе водат и дневник за доживеаното и виденото. Записите ќе послужат потоа да се објави книга за Македонскиот фронт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top