| четврток, 6 декември 2018 |

Коњ претрчувајќи преку улица удри во автомобил со две малолетни дечиња

Коњ бегајќи од газдите во Ѓорче Петров удрил во автомобил во движење во кој мајка ги превезувала двете дечиња едното три , другото шест години.

За среќа штета има само на автомобилот, а мајката и дечињата поминале неповредени. Таткото на дечињата, потресен од случката, го раскажал настанот на Фејсбук групата „Sид на сообраќаен срам“.

-Враќајќи се накај дома пред надвозникот од Ѓорче Петров кон Даме Груев коњ трчајќи, бегајќи од газдите им пресекол пат и удрил во автомобилот на сопругата. Нека сега здруженијата за заштита на животните ми објаснат како ние луѓето да се заштитиме од животните, бидејќи полицијата крева раменици, стои во постот.

Тој исто така раскажува дека на ова место често претрчувале коњи па бара решение од надлежните за да не се случи уште поголема трагедија.

 

фото: Ѕид на сообраќаен срам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top