| четврток, 6 декември 2018 |

Керамида извадена од главата на едно од повредените деца од Кочани

povredeno-dete02Речиси мртво беше едно од повредените деца што ги донесоа во скопскиот Ургентен центар по несреќата во Кочани. Беше во длабока кома, со проширени зеници и без реакција на дразби, со тешки повреди на черепот и пригмечен мозок. Успеавме да го оживееме 13-годишното момче, благодарение на тоа што, како и на останатите, му била дадена помош уште во кочанската болница, но тоа се уште е во многу критична состојба. Меѓу четирите најтешко повредени е и девојчето кое при падот од тракторот го скршило черепот, од каде што при операцијата, замислете, извадивме ќерамида, која беше навлезена дури во големиот мозок, возбудено раскажува директорот на Kлиниката за неврохирургија, проф. д-р Александар Чапароски за Дневник.

Девојчето имало скршеница на черепот и ќерамида во главата,но не и биле оштетени виталните центри. Две од четирите најтешко повредени деца се на неврохирургија, во кома и со тешка повреда на мозокот и на градниот кош. Во животна опасност е и 13-годишна пациентка која се наоѓа на KАРИЛ поради повреди на градниот кош и на белите дробови.

Директорката на Kлиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Јасмина Чабуковска,вели дека 13-годишното девојче било примено со повреди на црниот дроб, со масовни контузиони жаришта на белите дробови, контузија на срцевиот мускул и фрактура на базата на черепот.

На Kлиниката за пластична хирургија, е донесено девојче на кое буквално му се гледала мускулатурата на лицето. д-р Смилја Туџарова, изјавила:

Вадевме слама и песок од лицето на девојчето, а кожата ~ беше буквално свлечена и тоа од косматиот дел на главата до горната усна, па се гледаше целата мускулатура на лицето и на фронталната коска. Очните капаци беа извртени, па моравме да повикаме очен хирург за да го спаси окото. Успеавме да ги сошиеме мускулите за обвивката на коската на лицето, потоа го вративме целиот кожен слет, при што е наместено и окото. Поради туѓите тела, како слама и песок, кои при падот беа залепени на лицето на девојчето, моравме да плакнеме со дури пет шишиња физиолошки раствор – вели д-р Туџарова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top