Франција вечерва ќе излезе на мегдан со Германија во обид да се избори за место во финалето од ЕВРО 2016, натпревар на кој „триколорите“ ќе се обидат да ја продолжат својата серија успешни настапи во полуфиналињата од големите натпреварувања.
Имено, Французите во последните дваесетина години научија како да се справуваат со притисокот што го носат нокаут натпреварите, па така оваа селекција славеше на последните три полуфинални пресметки на кои настапи.
Повеќето медиуми во Европа овој полуфинален натпревар го карактеризираат како финале пред финалето бидејќи и двете репрезентации покажаа надмоќ во однос на нивните досегашни противници во изминатите пет натпревари.
Двајцата селектори Јоаким Лев и Дидие Дешамп ја темпираа формата на екипите за искушенијата кои им престојат во вечерашниот натпревар. Германија иако имаше повеќе среќа во четвтфиналето против Италија и на пенали по дури девет серии славеше победа, имаше повеќе од играта и креираше повеќе шанси за гол. Составот на „панцерите“ веќе подолго време игра заедно и е компактен и секако можеби е во предност над домаќинот Франција.
Сепак Лев има проблеми со изборот на првите 11 фудбалери бидејќи покрај суспендираниот столб во одбраната Матс Хумелс поради парни жолти картони, неможе да смета и на повредените Сами Кедира и Марио Гомез, додека Бастијан Швајнштајгер се пожали на повреда на мускулот на ногата но сепак ќе биде во комбаниција за настап.
Предноста на Франција освен што е домашниот терен и френетичната публика на „Велодром“ во Марсеј е во тоа што „триколорите“ можат да излезат на терен во најсилниот состав. Играчите како што Погба, Гризман, Паје, Жиру се максимално подготвени за големата битка.
Имено, Французите во последните дваесетина години научија како да се справуваат со притисокот што го носат нокаут натпреварите, па така оваа селекција славеше на последните три полуфинални пресметки на кои настапи.
Традицијата вели дека Франција последен пат била елиминирана во полуфинале од големо натпреварување на ЕВРО 1996, кога „триколорите“ во пенал-рулетот загубија од Чешка.
Мора да се истакне дека Франција и Германија досега одиграле две полуфиналиња, при што два пати поуспешни биле Германците, на СП 1986 со 2-0 и на СП 1982 по подобро изведување на пенали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.