Германија ќе биде ослабена вечерва поради неиграњето на Сами Кедира, Марио Гомез и на Матс Хумелс, но добра вест за „панцерите“ е што барем Бастијан Швајнштајгер ги надмина проблемите со повредата и ќе биде во комбинација за настап против Франција.
Фудбалерот на Манчестер јунајтед го повреди мускулот за време на четвртфиналето со Италија, но успеа да се рехабилитира навреме за да може да игра во вечерашното полуфинале. Тој ги издржа двата тренинзи во текот на вчерашниот ден, по што следеше и потврда за настапот на Швајни од страна на селекторот Јоаким Лев.
„Го имам тимот во својата глава и слободно можам да кажам дека Швајнштајгер ќе биде стартер против Франција. Реков дека ако биде подготвен ќе го ставам во игра, тој тренираше 100% во текот на денот и покажа дека е „фит“, значи ќе биде дел од првиот тим со Французите“ – истакна Јоаким Лев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.